Connect with us

Фудбал

Навивачите претепале фудбалер на нивниот тим, го фатиле во оргија, бил со четири мажи и пет жени! (ВИДЕО)

Навивачите на бразилскиот клуб Коринтијанс го претепале својот фудбалер Луан (30) откако упаднале во мотел во Сао Паоло и го нашле таму среде оргија, пишуваат бразилските медиуми. Навивачите наводно биле многу незадоволни од неговото однесување бидејќи од февруари 2022 година поради разни оправдувања не настапувал за клубот, а редовно зема плата, а кога виделе дека во тоа време уште ужива – решиле веднаш да превоспитаат.

Луан е во клубот од 2020 година, но нема играно година ипол бидејќи, според бразилските медиуми, со своето однесување надвор и на теренот ги навредил најжестоките поддржувачи на Коринтијанс. Тренерите го знаат тоа и избегнуваат да го користат во играта, а Луан во меѓувреме не сака да замине од клубот.

За околу три години во клубот, Луан собра 80 настапи, и ќе видиме дали физичкиот напад во мотел за време на споменатиот чин ќе влијае на неговата одлука да се премисли и да избега од Коринтијанс. Луан веќе подолго време беше наговаран да го напушти клубот, Ултрасите користеа различни методи, но играчот од средниот ред не сака да си замине додека не му истече договорот на крајот на сезоната.