Фудбал
Навивачите се враќаат на трибините – следува ли спектакл?
„Локдаунот“, затварањето во Англија завршува следната недела, по што ќе се врати стариот систем на рестрикции во три фази. Англија објави вчера дека ги отвора стадионите од 5 септември, кога на програмата е ново коло во Премиерлигата, откако три дена порано ќе заврши „локдаунот“ на Островот, ама на самото отворање на стадионите не се израдуваа сите клубови.
Имено, на навивачите нема да им биде дозволено пеење и скандирање за време на натпреварите, а исто така забрането е конзумирање алкохол пред почетокот на мечевите и во нивниот тек.
Според одлуката на државните власти, на спортските арени од прва категорија ќе може максимално да има 4.000 гледачи, ама според епидемиолошката слика во моментов во земјата, максимален број на гледачи може да има само кај два премиерлигаши – Брајтон и Саутемптон.
Покрај ова, во неделата, Џонсон потврди план за „спас“ на спортот во Велика Британија тежок 300 милиони фунти.
