Connect with us

Фудбал

Навивачите се враќаат на трибините во Премиер лигата, неколку чудни правила?!

Новата сезона во Премиер лигата почнува на 12-ти септември, а мечевите повторно ќе се играат со навивачи. Сепак, тие ќе треба да прифатат одредени правила, некои се малку и чудни.

Прво, нема сите да можат да влезат на стадонот, односно бројот ќе биде лимитиран. Навивачите нема да смеат да пеат, ниту да дофрлуваат во текот на мечот. Ќе мора да бидат на дистанца и мечевите да ги гледаат со затворена уста. Оние кои ќе дојдат на стадион ќе мора да потпишат парче хартија со одредени правила на однесување, пред да ги добијат влезниците.  Атмосферата за оние кои ќе бидат пред малите екрани ќе ја креваат телевизиските куќи со уфрлување на аудио ефекти од реакции на навивачи.

Сепак, се поставува прашањето дали ќе успеат навивачите, оние најватрените да молчат сите 90 минути не се знае, но сепак донесените правила ќе мора да се почитуваат.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com