Фудбал
Навивачите со овации го дочекаа Дел Пјеро во Јувентус
Алесандро дел Пјеро по 10 години се врати на стадионот на својот поранешен клуб Јувентус, за да присуствува на натпреварот против Болоња (1:1).
Поранешниот напаѓач не бил на стадионот од 2012 година, кога против волјата на управата го напушти клубот, бидејќи не доби нов договор.
Кога официјалниот спикер пред почетокот на натпреварот објави дека таму е легендата на клубот, следеше аплауз од навивачите.
Дел Пјеро потоа се качи на саксиите за да го видат сите и им се заблагодари на сите за прекрасното добредојде.
No caption needed. @delpieroale #JuveBologna pic.twitter.com/pZo9sC3b5j
— JuventusFC (@juventusfc) April 16, 2022