Connect with us

Фудбал

Навивачите збунети, Хау задоволен: Њукасл реализираше изненадувачки трансфер

По Киеран Трипие, Њукасл претстави уште едно јануарско засилување.

„Страчките“ го реализираа трансферот на напаѓачот Крис Вуд (30), а клубот и официјално соопшти утринава.

Вуд доаѓа од Барнли во трансфер „тежок“ речиси 30 милиони евра, а со Њукасл потпиша договор до 2024 година. Овој трансфер малку ги изненади и збуни навивачите на Њукасл.

Споменатиот напаѓач има огромно искуство со играње на Островот, а пред Барнли го носеше дресот на Лидс, Лестер, Ипсвич, ВБА, Милвол, Бирмингем, Брајтон, Барнсли …

За репрезентацијата на Нов Зеланд собра 59 настапи и постигна 27 гола.

Во тековната сезона во дресот на Барнли одигра 21 натпревар во сите натпреварувања и постигна три гола.

Овој трансфер предизвика и многу реакции бидејќи Њукасл има добар напади со Вилсон и Сент Максим, па прашање е какви се идеите на Еди Хау сега на клупата на „страчките“.

Според пишувањата на медиумите на островот, Њукасл нема да застане и до крајот на јануари можеме да очекуваме уште засилувања.