Connect with us

Фудбал

Навивачот кој го удри Пајет доби затворска казна, се појави пред обвинителството во дуксер на Баерн

Навивачот кој го предизвика прекинот на мечот Лион-Марсеј во неделата навечер е осуден на шест месеци затвор.

Потсетуваме, веќе во 4. минута од француското дерби, навивач на Лион со шише го удри Дмитри Пајет, поради што натпреварот беше прекинат и не продолжи. Насилникот веднаш бил идентификуван и повикан пред лицето на правдата.

Тој денеска се појави пред обвинителството во дуксер на германски Баерн Минхен, демантирајќи дека Пајет бил негова мета. Тој тврди дека сакал само да фрли шише до него за да го заплаши, но случајно, како што вели, го удрил.

Тој сега ќе помине половина година зад решетки, а во следните пет години нема право да влегува на стадионите во Франција и доби двегодишна условна казна. Покрај сето горенаведено, тој мора симболично да плати едно (1) евро обештетување на Марсеј, Паје и Лига 1, но тие три евра сега ќе му бидат најмал проблем.

Претходно овој навивач веќе бил четири месеци во затвор поради измама и е во долгови од 25.000 евра, пишуваат медиумите во Франција, а освен тоа тој е и разведен татко на четиригодишно девојче.

Заработува на разни начини, но најчесто е градежник и работи во мезе бар …

Реклама

Facebook

Реклама