Поврзи се со нас

Кошарка

НБА: Бостон намали против Мајами (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон го совладаа Мајами со 117:106 во третиот натпревар и намалија на 2:1 во финалната серија од Источната конференција во НБА лигата. Третиот натпревар донесе позрела игра на кошаркарите на Бред Стивенс, кои не дозволија одново да загубат висока негатива. Селтикси изградија одлични 63-50 на полувреме и не погледнаа назад, запишувајќи ја првата победа во источното конференциско финале.

Кај Мајами уште еднаш блесна Бем Адебајо со 27 поени и 16 скока, Тајлер Хиро постигнаа 22 поени.

Наредниот натпревар на програмата е во четврток наутро.

Advertisement

Facebook

Реклама