Кошарка
НБА е немоќна: Не сме во позиција да одлучуваме!
Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, нема одговор на прашањето кога и како ќе биде продолжено најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.
НБА лигата беше прекината на 11 март поради пандемија на корона вирус, а од тогаш има полемики за тоа кога ќе продолжи. Немаше конкретни одговори на последната видео-конференција која ја имаа челниците.
Не сме во позиција да донесеме одлука. Не е јасно кога лигата ќе продолжи. Едноставно е направен заклучок врз основа на извештаите на државните извештаи. Има многу работи што треба да се совпаднат за да можеме да донесеме одлука, но сега сме далеку од тоа. Останува нејасно како и кога ќе биде продолжението на сезоната, истакна Силвер.
Состојбата во САД се влошува од ден на ден. Оваа земја до денес (сабота) регистрираше 710.227 заразени случаи, од кои 37.175 починаа.