Connect with us

Кошарка

НБА ја одложи лотаријата – без гледачи до крајот на годината

НБА лигата соопшти дека на неодредено време ги откажа „лотаријата“ на која се одредуваше распоредот по кој екипите ќе избираат на драфтот. Сезоната не е завршена, треба да се доиграат натпревари од регуларниот дел на сезоната, па не е можно да се одржи и важната предигра за драфтот во 2020 година Лотаријата за драфтот во НБА лигата што требаше да се одржи од 19. до 21.

Сепак, комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, не се откажува од завршување на сезоната и веќе се разгледуваат неколку сценарија.

„Доколку сезоната започне во декември, тоа не значи дека навивачите веднаш ќе се вратат на трибините. Нив ги очекуваме наредната година“ – изјавил неименуван член на бордот на НБА.

Ако сезоната не започне наскоро можно е комплетно да биде пролонгиран и драфтот во Бруклин.