Connect with us

Кошарка

НБА ја отстранува марихуаната од списокот на забранети супстанции

Од следната сезона, марихуаната најверојатно нема да се најде на списокот на забранети супстанции во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.

Според американските медиуми, ова ќе биде една од точките за кои ќе се преговара во следниот колективен договор.

А, дека ставањето марихуана надвор од списокот на забранети супстанции, реално го покажува фактот дека за време на „балонот“ во Орландо, марихуаната била исклучена од споменатата листа.

„Искрено мислам дека марихуаната ќе биде легална во следниот колективен договор“, рече Бил Симонс, спортски аналитичар.

“Тоа беше уште една лекција што ја научивме од овој балон. Тие не тестираа марихуана. Дали тоа може да биде еден од факторите зошто квалитетот на играта беше подобар? Можеби?”, додаде Симонс.

Претходно, МЛБ и НХЛ ја тргнаа марихуаната од списокот на забранети супстанции.