Connect with us

Кошарка

НБА ќе ја скрати сезоната 2019/20 на 70 натпревари?

Објавено:

НБА лигата сериозно размислува да ја скрати регуларната сезона 2019/20 на само 70 натпревари, пишува „Dallasbasketball.com“, т.е. новинарот Мајк Фишер.

Продолжувањето на НБА-лигата би се случило на почетокот на јули, а огромното мнозинство клубови имаат одиграно околу 65 натпревари досега до моментот кога НБА-лигата запре во средината на март.

Играњето на преостанатите пет натпревари ќе им даде на некои екипи можност да се борат за останатите позиции во плеј-офот, додека тие натпревари би значеле многу и за екипите кои се во конкуренција за најдобра позиција да бираат во драфтот. Доколку пандемијата не дозволи натпреварите да се играат во јули, ќе се одиграа во август, но тогаш нема да ги има овие дополнителни пет натпревари, туку екипите би оделе директно во плеј-оф.

НБА-лигата беше прекината на 15 март кога се покажа дека центарот на Јута џез, Руди Гоберт е позитивен на коронавирусот.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама