Кошарка
НБА лигата ќе казнува невакцинирани кошаркари
Невакцинирани НБА кошаркари нема да можат да влезат во Канада и да играат мечеви против Торонто репторс.
Канадската влада од 15 јануари 2022 година ќе им забрани на сите невакцинирани да влезат во оваа земја.
Секој играч со овој статус што ја напушта земјата нема да може повторно да влезе во САД. Тоа значи дека кошаркарите нема да можат повторно да влезат на американско тло, ако одлучат да играат во Канада или да патуваат надвор од границите за време на „Ол-стар“ викендот.