Connect with us

Кошарка

НБА нема да го смени своето претпознатливо лого во чест на Коби Брајант

Комесарот на НБА лигата Адам Слвер смета дека не е дојдено време за долгогодишното лого да се смени.

Фановите преку социјалните мрежи побараа НБА да го смени својот заштитен знак во чест на Коби Брајант.

Меѓу најгласните во ова барање беше sвездата на Бруклин, Кајри Ирвинг.

„Во моментов нема дискусија во канцеларијата на НБА за можна промена на логото“, рече Силвер, додавајќи:

„Јас навистина го ценам гестот, но сегашното лого е исто така иконско и е во чест на Џери Вест. Ние го почестивме Брајант со преименување на МВП наградата на Ол-стар натпреварот во негова чест“, додаде шефот на најсилната кошаркарска лига во светот.