Неверојатниот дефанзивец на Репторс постигна 54 поени во победата над Орландо Меџик со 123:108.
Се отиде на ВанВлеет на овој натпревар. Постигна 11 тројки, а со 54 поени стана играч со најмногу постигнати поени од еден нерафтиран играч. Тој го премина познатиот Мојсеј Мелоун (53).
До него кај Репторс се истакна Пауел со 23 поени, додека кај Орландо, Никола Вучевиќ имаше 21 поен и 18 скока.
Фантастичен натпревар одиграа Бруклин Нетс и ЛА Клиперс, а на крајот домашниот тим славеше со резултат 124:120 во неизвесно финале.
Кајри Ирвинг беше незапирлив и натпреварот заврши со 39 поени, Дурент додаде 28, а Џејмс Харден имаше уште еден трипл-дабл учинок (23, 14, 11).
Кај Клиперс, Каухи Леонард постигна 33, а Пол Џорџ додаде 26 поени.
Резултати од НБА:
Орландо – Торонто 108:123
Бруклин – ЛА Клиперс 124:120
Индијана – Мемфис 134:116
Вашингтон – Портланд 121:132
Голден Стејт – Бостон 107:111
Јута – Детроит 117:105