Connect with us

Кошарка

НБА одлучи да ги продолжи натпреварите на 29 август

Орландо, 28 август 2020 (МИА) – Плејофот во НБА лигата ќе продолжи утре, 29 август. Ова се наведува во заедничката изјава на Лигата и Асоцијацијата на играчи на НБА. Претходно, средбите беа одложени поради бојкотот на кошаркарите кои протестираат против полициското насилство и расизмот во САД.

Сите страни, наводно, се согласиле да продолжат со натпреварите по преговорите. На 23 август, Афроамериканецот Џејкоб Блејк беше застрелан од американската полиција во Висконсин. Дваесет и деветгодишниот маж беше застрелан седум пати во грбот и сега се наоѓа во болница. Овој настан предизвика бран на масовни протести во САД.

Плејоф натпреварите во НБА и НХЛ се презакажани, како и натпреварите во МЛБ и МЛС. НХЛ исто така претходно објави продолжение на плејофот.

Претходно беше објавено дека за 29 август се закажани натпреварите: Орландо – Милвоки, Хјустон – Оклахома сити и ЛА лејкерс – Портланд. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com