Connect with us

Кошарка

НБА засилување за Фенербахче

Published

on

Турскиот Фенербахче донесе големо засилување на позицијата центар.

Нов играч на истанбулскиот великан стана 30-годишниот американски центар Кајл О’Квин, човек кој има осум години НБА кариера зад себе.

Сепак, оваа сезона тој остана без тим. Тој не доби никакви понуди за соработка, па се реши за Европа и многу брзо се согласи да соработува со Фенер.

О’Квин има играно за Орландо Меџик, Њујорк Никс, Индијана Пејсерс и Филаделфија во најсилната светска лига во кошарка.

Има просек од 5,4 поени и 4,6 скока по натпревар.

Advertisement

Facebook