Connect with us

Кошарка

НБА ѕвезда одби да се вакцинира, ќе загуби 187 милиони долари-Свесен сум за последиците

Американските медиуми пренесуваат дека 4-годишниот договор вреден 187 милиони долари нема да му биде понуден на одличниот плејмејкер Кајри Ирвинг, а тој е веќе соочен со загуба од 381.181 долари поради неиграње, плус ќе губи по 381.181 долари за секој натпревар во плеј-офот.

Сето ова поради тоа што одбива да се вакцинира против Ковид 19.

Организаторот на играта на Нетс не примил вакцина против коронавирус, а поради правилата во Њујорк, тој не може да тренира и да игра со тимот.

-Грешат ако ме претставуваат како херој или негативец, тоа не беше мојата намера. Станува збор за избор на она што е најдобро за вас. Мислите ли дека сакам да изгубам пари, да се откажам од сонот да ја освојам лигата? Дека сакам да се откажам од професијата? Дека сакам да седам дома? Не треба да се делиме, туку да го почитуваме сечиј избор“, вели Ирвинг во своето обраќање на Инстаграм.

 

-Тажно е да се види како светот се дели поради оваа ситуација. Ова се луди времиња. Не сум антиваксер. Станува збор за тоа што мене ми е добро, што ми годи. Се чувствувам несигурно и тоа е причината. Ги знам последиците од одлуките кои ги носам, но не сторив никакво злосторство. Не повредив никого, порачува НБА ѕвездата.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама