Connect with us

Фудбал

Не бил скандалозен само потегот на претседателот на сојузот, селекторот на Шпанија ја фати колешката за гради (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи ново видео од финалето на Светското првенство за жени. За потсетување, репрезентацијата на Шпанија првпат го освои Светското првенство за жени и со тоа додаде втора светска титула, откако машката репрезентација го освои Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Во новото видео селекторот на Шпанија Хорхе Вилда (42) непримерно допира член на стручниот штаб по градите. Видеото е направено неколку моменти откако Олга Кармона го постигна единствениот гол на финалето против Англија во 29. минута. Стручниот штаб го прослави постигнатиот гол, а тренерот на Вилда ја стави раката на градите на својата колешка. 

Ова секао наиде на негативни реакции во Шпанија, особено по првиот скандалозен момент, кога при доделувањето на медалите на победникот, првиот човек на шпанскиот фудбал во уста банка една од фудбалерките на Шпанија.

Инаку, според шпанските медиуми, истиот селектор ги терал фудбалерките да ја остават вратата од хотелската соба отворена , им ја ограничил слободата на движење, па дури и ги прегледал нивните торби по шопингот!