Фудбал
Не било до Потер, трет пораз во низа на Челзи со Лампард, овој пат Брајтон иако губеше, ги победи (ВИДЕО)
Лошите резултати за Челзи продолжуваат. Иако му врачија отказ на Потер, сепак пдообрување нема. Лондонските сини стигнаа до третиот пораз во низа под кормилото на Френк Лампард. Два загубени меча во Премиер лигата и еден во ЛШ, е учинокот на Лампард.
Попладнево Челзи на домашен терен загуби од Брајтон иако водеше со 1:0. Галагер во 13-та минута погоди за 1:0, но во 42-та Велбек израмни на 1:1. Во 69-та Енкисо погодува за шок на „Стемфорд Бриџ“. Челзи следната година ќе го нема ниту во ЛШ, ниту во ЛЕ, а ниту во Конференциската лига на УЕФА. Во моментов се наоѓа на 11-то место со 12 порази сезонава, наспроти 10 победи.