Connect with us

Ракомет

Не е само Гаџа, во Вардар доаѓа уште еден ракометар на ППД Загреб

Ракометарот на ППД Загреб Анте Гаџа потврди дека од следната сезона ќе ги браните боите на македонскиот шампион Вардар. Се чини дека сите финансиски детали се решени, со ракометарот, но и со неговиот досегашен клуб.

Сепак, најновите информации велат дека тој не е единствениот од Загреб кој ќе се пресели во Вардар. Јосип Векиќ, кој првиот дел од сезоната играше во Загреб, а потоа како позајмен во Дубравка, ќе биде нов ракометар на Вардар.