Connect with us

Фудбал

Не е само Реал Мадрид, Пол Погба приоритет за италијанскиот гигант

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, може да се врати во Јувентус.

27-годишниот Французин останува приоритетна опција за клубот од Торино на списокот со трансфер цели за следната сезона, напиша новинарот Николо Скира на социјалните мрежи.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи работи на вклучување играчи како Арон Ремзи или Даглас Коста во договор за размена со Манчестер јунајтед. 

За Погба сериозно е заинтересиран и Реал Мадрид.