Фудбал
Не може без кабел: Бизарен прекин на меч во Бундеслигата (ВИДЕО)
Бизарен прекин се случи вечерва на натпреварот од 11. коло на германската Бундеслига, во кој се сретнаа Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт, а причината беше прекин на кабелот кој ја држи камерата над теренот.
Ајнтрахт од Франкфурт на гости ја совлада Борусија од Менхенгладбах со 3:1 и дојде до четвртото место на табелата.
Сепак, овој натпревар го одбележа бизарен прекин во 78. минута од натпреварот. Причина за прекинот било кинењето на кабелот што ја држи камерата која се движи над теренот.
Судијата Даниел Зајберт виде дека кабелот е на теренот. Тој веднаш го прекина натпреварот и побара од организаторите да го решат проблемот.
Со малку мака успеаја да го направат тоа. За отстранување на камерата беа потребни пет-шест минути, а играчите нетрпеливо чекаа да се вратат на теренот и да го завршат овој натпревар.
Погледнете ја ТУКА оваа навистина бизарна сцена која се случи вечерва на мечот во Менхенгладбах.
Прекинот дојде при при резултат 3:1 за гостите од Франкфурт. До крајот на натпреварот, со девет минути прекини, Менхенгладбах не можеше да направи сензација и беше поразен на овој меч.
Избраниците на Даниел Фарке продолжуваат да играат топло-ладно. Неговиот тим моментално се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 16 бодови.
Ајнтрахт вечерва ја забележа втората последователна победа во првенството и моментално е на четвртото место на првенствената табела.
Овој тим секако има квалитет да се бори за Лигата на шампионите каде што игра оваа сезона откако минатата сезона ја освои Лигата на Европа.