Connect with us

Фудбал

Не може без црвен картон, еве зошто беше исклучен Мурињо: Ја провоцираше клупата на Монца, па мораше да оди во соблекувалната (ВИДЕО)

Жозе Мурињо уште еднаш мораше да оди во соблекувалната пред своите играчи, бидејќи на крајот од натпреварот против Монца доби црвен картон за провокации на сметка на клупата на гостинскиот тим.

Стефан ел Шарави во 90. минута постигна гол за три поени за тимот од Олимпико, а недолго потоа „Специјалниот“ гестикулираше со плачење, потег упатен до клупата на ривалот. Се заврши со црвен картон за Португалецот кој нема да може да биде на клупата на мечот од следното коло против Интер.

На крајот Мурињо истакна дека Монца не заслужила да биде поразена.

– Направив некои гестови, не кажав ништо навредливо. Тоа беше затоа што минатата сезона некои талентирани луѓе, но без искуство, кажаа непријатни зборови за нас. Денеска Монца се обиде да изврши притисок врз судијата. Да бидам искрен, тие се добар тим и не заслужија да загубат, изјави Мурињо.