SPORTM.mk
Не може да биде без контроверзии: Погледнете го моментот што ги скрши срцата на Хрватите!
Секунди ја одделија Хрватска од пласман на Олимписките игри во Токио, но за прв пат од 2000 година, „Каубоите“ нема да бидат на најголемиот спортски фестивал во светот.
Хрватите не успеаја да го минат квалификацискиот турнир затоа што Португалија ја победи Франција со 29:28 со гол во последната секунда.
Самиот финиш на натпреварот сигурно може да го добие епитетот на контроверзен, особено поради некои нелогични потези на француските ракометари.
Она што најмногу шокираше беше одлуката на Мелвин Ричардсон на десет секунди пред крајот кога на семафорот имаше нерешено да се направи додавање од позади без да погледне, со тоа да се загуби топката и со тоа да му се овозможи лесен гол на Руи Силва.
Drama en route for a HISTORIC berth to Tokyo ?
Portugal ?? score one before the buzzer over France and book the nation's first EVER ticket to the Tokyo Games in men's handball ?
"And you can see what it means to them…" ? pic.twitter.com/gHuljm0fwE
— CBC Olympics (@CBCOlympics) March 14, 2021
Интересно, Французите успеаја да изедначат во последната секунда, но судиската двојка од Германија, Роберт Шулце и Тобијас Тонис, решија да го поништат голот постигнат од Порте.