Connect with us

Фудбал

„Не можеа да издржат да ми кажат колку вредев како фудбалер“

Пред една година неговиот потег од Милан во Челзи беше главната вест за зимскиот преоден рок, а тој сега игра повторно во Серија А со италијанскиот шампион. Тој е аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, кој во интервју за „Телеграф“ зборуваше за својата кратка авантура со „сините“ во Лондон.

„Можев да направам повеќе иако она што го дадов во тие месеци не беше малку. Успеавме да ја освоиме Лигата на Европа и се квалификувавме во ЛШ. Така добивме добри резултати“, рече Игуаин.

„Ако сте добар играч, навивачите очекуваат многу од вас. Но, понекогаш не сфаќаат дека потекнувате од друга лига која е сосема различна од Премиер лигата. И тие не го сметаат фактот дека играв многу малку во Челси“, рече Игуаин.

„Разбирам дека очекуваа повеќе од мене и го ценам ова, бидејќи тоа покажува почит што тие ја имаа кон мене како играч. Ја поздравувам критиката, но под услов таа да биде конструктивна. Сега, по една година, можам да кажам дека имав шанса да играм на едно од најдобрите првенства во светот“, рече Игуаин.