Connect with us

Фудбал

Не можеа да му кажат не: Скромниот Роналдињо имаше само едно барање од сопствениците на хотелот

Легендарниот Роналдињо и неговиот брат беа ослободени од затвор претходно овој месец, откако платија кауција од 1,6 милиони долари.

Роналдињо ќе ја продолжи казната за фалсификување додека е во домашен притвор. Некогашниот најдобриот светски фудбалер е сместен во хотел со 4,5 sвезди во главниот град на Парагвај, Асунсион.

Кога пристигна во домашен притор, славниот бразилски ас имаше само едно посебно барање од сопственикот: фудбалска топка и област за игра.

„Му обезбедивме простор од 30 метри и широк 15 метри за да може да игра фудбал“, рече менаџерот на хотелот Емилио Егрос.

Инаку, Роналдињо, неговиот брат и двајца адвокати се единствените гости на хотелот поради пандемијата на коронавирусот.

„Роналдињо не го губи темпераментот и често се шегува. Се чини дека е добро момче. Секогаш е насмеан како и неговиот брат.

Поранешниот светски шампион и освојувач на Златната топка отпатува за Паргавај за да ја промовира книгата и да учествува во кампања за заштита на децата, сепак, бидејќи имал лажен пасош завршил зад решетки.