Connect with us

Тајмаут

Не можеше без шопинг: Георгина ја обвинуваат дека го доведе Кристијано Роналдо во опасност

Кристијано Роналдо се уште е во изолација во луксузната вила на Мадеира.

Поради пандемијата на коронавирус и фактот дека двајца негови соиграчи се заразени (Ругани и Матуиди), Роналдо е принуден да остане во карантин, каде што е заедно со семејството и девојката Георгина.

Сепак, атрактивната Шпанка не можеше да издржи, а папараците вчера ја фатија надовор од карантинот, односно во шопинг.

Веднаш стигнаа обвинувања на нејзина штета. На социјалните медиуми, коментарите за нејзиниот потег се екстремно остри и многумина тврдат дека Роналдо е во опасност.

Исто така, многумина ја гледаат како излегува, како не ги почитува препоракире и како е себична во однос на sвездата на Јувентус.