Фудбал
Не можеше да поверува што виде: Вејн Руни го избра најдобриот гол во историјата на Премиер лигата
Вејн Руни остави длабока трага во Манчестер Јунајтед и англиската Премиер лига.
Руни секако е еден од најдобрите фудбалери кои играле во најсилните редови на англискиот фудбал, а најголемиот дел од кариерата ја мина во дресот на Манчестер Јунајтед.
Легендарниот напаѓач одигра дури 559 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ на кои постигна 253 гола и забележа 146 асистенции.
Некои од неговите голови беа навистина импресивни, а се издвојува голот со ножички против Манчестер Сити на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа, на прашањето на новинарите кој гол е најдобар за него во историјата на Премиер лигата, тој не го избра својот гол, туку мајсторијата на неговиот поранешен соиграч Робин ван Перси.
Тоа беше гол кој Ван Перси го постигна на „Олд Трафорд“ додека настапуваше за Јунајтед, а тоа се случи на мечот против Астон Вила кога спектакуларно погоди за 2:0 од одбојка.
Руни беше асистент на овој гол бидејќи испрати одлична долга топка, а Ван Перси со својот гол го воодушеви фудбалскиот свет.
Wayne Rooney a déclaré que ce but de Van Persie était le plus beau de l'histoire de la Premier League ! 👀
Qu'en pensez-vous ?
📽 @ManUtdpic.twitter.com/NBq68WcrGP
— BeFoot (@_BeFoot) April 5, 2022