Connect with us

Фудбал

Не му даваат на Меси во Барселона и за без пари!? Сакаше да одбие 1,2 милијарди поради саканиот клуб, а потоа настана проблем

Лионел Меси официјално го напушта Пари Сен Жермен на последниот ден од јуни и е слободен да избере нова средина, а дури и птиците на гранката знаат кои се неговите опции. Првично се зборуваше за преселба во Интер од Мајами, потоа за враќање во Барселона, додека последните информации велат дека тој е најблиску до преселба во Саудиска Арабија, каде му го нудат најголемиот договор во историјата на фудбалот, во вредност од неверојатни 1,2 милијарди евра.

Ако го слуша неговото срце, Лионел Меси ќе замине во Барселона, бидејќи неговиот татко и агент Хорхе се сретнаа со Жоан Лапорта и разговараа за можно враќање на Камп Ноу по две години. Хорхе Меси изјави дека неговиот син сака да се врати во Барселона, но верувале или не тоа е под знак прашалник – дури и ако е слободен играч.

Поради финансиските проблеми кои ги има Барселона, Ла Лига има ригорозни правила. Без разлика што Меси сака да дојде во Барселона да игра без пари, челниците на натпреварувањето ја отфрлаат таквата можност и имаат услов – доколку потпише да има најмалку 50 отсто помала плата во однос на периодот во Париз Сен Жермен. Поточно, тоа значи дека Меси не може да потпише за плата помала од 25 милиони евра, која Барса во моментов не може да ја плати.

„Хорхе Меси ми кажа дека Лео ќе игра за Барселона и за ништо, но не се работи за пари… Неговото враќање во Барселона го гледам како многу комплицирано, мислам дека нема да се случи“, изјави аргентинскиот новинар Карлос Монфорт, кој информираше за случувањата во таборот на најдобриот фудбалер на сите времиња.

Според последните информации од Шпанија, Меси е многу вознемирен бидејќи Ла Лига не дозволува да се реализира трансферот во Барселона, а Ал Хилал, саудискиот клуб кој сака да го доведе, го губи трпението. На Месијата му рекле дека нема да го чекаат вечно и ако дојде дури следната година, нема да може да смета на платата што му ја нудат сега, која е навистина џиновска и ќе му обезбеди пари како никоја друга.