Поврзи се со нас

Фудбал

Не му требаше ова: Леонардо ги навреди навивачите на ПСЖ

Некогаш одличен фудбалер, денес директорот на ПСЖ Леонардо, ги налути навивачите на овој клуб.

Имено, навивачите на ПСЖ се многу нетрпеливи и сите ја очекуваат конечната победа во Лигата на шампионите, а за тоа зборуваше и Леонардо.

Тој смета дека освојувањето на Лигата на шампионите би било нешто големо, но исто така истакна дека Париз никогаш не бил вистински фудбалски град и дека тоа е Марсеј во Франција, што ги налути навивачите на ПСЖ.

„Овој клуб постои само 50 години. Ако ги погледнете клубовите што владееле во 70-тите, како Ајакс и Интер, тие се клубови кои се основани околу 1900 година. Амстердам и Милано се градови со вистинска фудбалска култура. Овде сè уште не е случај. Париз никогаш не бил вистински фудбалски град, тоа сеуште е Марсеј во Франција“, рече Леонардо.

Неговата изјава ги изненади навивачите на ПСЖ, а од најлојалната група рекоа:

„Неверојатно е што господинот Леонардо не ги споменува страста, лојалноста и посветеноста на навивачите на ПСЖ. Бевме таму дури и кога клубот беше пред испаѓање. Сепак, за да можете да кажете што било, треба да ја знаете историјата на клубот, да имате љубов и почит кон него. Очигледно 46 настапи во нашиот тим не се доволни за тоа“.

loading...

Facebook