Connect with us

Фудбал

Не постигнува голови како Меси и Роналдо, има 53-години, а заработува повеќе од нив

Тој не постигнува голови како Меси или Роналдо, не асистира како Погба или Де Брујн, или пак не брани како Буфон, но сепак за еден месец заработува колку што овие спомнати ѕвезди заработуваат за цела година.

Станува збор за еден од најдобрите фудбалски менаџери во историјата. Мино Рајола, 53-годишен менаџер, под чија „капа“ биле многу ѕвезди. Дел од нив се Ибрахимовиќ, Погба, Халанд, Матијас де Лигхт, Донарума, Балотели, Верати и други. Прв голем трансфер му бил трансферот на Павел Недвед од Спарта во Лацио.

Во август 2016 година, тој посредуваше во тогашниот најголем трансфер досега, трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Потроши дел од парите од тој трансфер на купување на поранешната куќа на Ал Капоне во Мајами.

Само во летниот преоден рок во 2018-та година заработил 31 милион евра. Секогаш кога сезоната завршува и се подготвува нова, тој има полни раце работа, но и полни раце пари.