Фудбал
Не постои тим на годината без Роналдо и Меси, нема место за најдобриот стрелец во Европа
Сите знаеме дека не постои тим на годината од УЕФА без Роналдо и Меси, но избор се прави според популарност. Имиња како Нејмар и Хари Кејн беа изоставени од најдобрите 11 играчи иако Кејн после 7 години ја прекина низата на Роналдо и Меси за најдобар стрелец во Европа.
За тимот на годината беа поделени 8,8 милиони гласови од речиси 800.000 посетители на веб страната на УЕФА.
Шампионот на Европа и Шпанија сосема очекувано има најмногу преставници, но на големо изненадување во најдобрите 11 немаше место за Нејмар кој стана најскапиот играч во историјата откако ПСЖ за него плати 222 милиони евра. Фановите го игнорираа и Хари Кејн, кој 2017 ја заврши како најдобар стрелец во Европа со 56 погодоци.
Тимот на годината во избор на посетителите на УЕФА:
Голман: Буфон
Одбрана: Алвеш, Рамос, Кјелини, Марсело
Среден ред: Де Брујне, Крос, Модриќ, Азар
Напад: Меси, Роналдо