Connect with us

Фудбал

Не потпишал професионален договор, но англиски клуб ќе добие 26 милиони фунти од Борусија

Борусија Дортмунд го претстави новото засилување. Станува збор за 17-годишниот супер талент на Бирмингам, Џуди Белингам.

Според англиските медиуми, младиот фудбалер досега немал професионален договор со англискиот тим, играл само за помладите категории и вториот тим, но сепак трансферот ќе биде 26 милиони фунти.

Дека станува збор за исклучителен млад фудбалер говори и фактот што Борусија Дортмунд во трката за неговите услуги ги победи Челзи, Реал, Баерн и Манчестер Јунајтед.