Фудбал
„Не прави скандали намерно, можеби само им верува на погрешни луѓе“
Џејдон Санчо изминативе денови е во центарот на вниманието.
Англискиот фудбалер беше казнет од раководството на Бундеслигата, откако ги прекрши правилата со тоа што донесе фризер во својот дом.
Откако ДФЛ објави дека е казнет, 20-годишниот фудбалер на Борусија коментираше за сè на Твитер и ја нарече одлуката смешна.
Неговиот соиграч Емре Џан го советувал да порасне што е можно поскоро и да биде попаметен.
„Тој мора да биде по дисциплиниран во одредени работи и тоа добро го знае. Тој мора да биде попаметен и да се однесува како возрасен со такви работи. Тој не смее да прави вакви грешки во иднина“, рече Џан, додавајќи:
„Некој мора да го води во вистинската насока. Тој е одличен човек дури и надвор од теренот. Тој не прави скандали намерно. Можеби тој само верува на погрешните луѓе“, истакна Џан.
За Санчо ова лето ќе се пишува многу, со оглед дека тоа е желба на многу европски велики.