Фудбал
„Не сакам да навивам за Сити, но не можам да гледам како освојуваат четири трофеи“
До крајот на сезоната во Англија ќе ја следиме големата борба помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул за титулата.
Манчестер Сити ја брани титулата освоена минатата сезона, но овојпат Ливерпул заостанува само бод зад Граѓаните.
До крајот на сезоната остануваат уште четири кола во Премиер лигата, што гарантира дека ќе го гледаме спектаклот. Двете екипи се во одлична форма, а покрај Премиер лигата играат и полуфинале во Лигата на шампионите, а постои можност дури и да ја гледаме пресметката на овие екипи во финалето.
Од друга страна, на навивачите на другите клубови не им е лесно да го следат сето ова, а тоа особено важи за навивачите на Манчестер Јунајтед, кои потфрлија и оваа сезона.
Пред неколку дена и поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Димитар Бербатов, призна дека повеќе би сакал Сити да ја одбрани титулата иако е градски ривал, отколку Ливерпул да го освои трофејот.
„Боли да се гледа сето тоа, но мора да се почитува Ливерпул. Не сакам да навивам за Сити, но не сакам да го видам Ливерпул да освојува дури четири женски трофеи оваа сезона“, изјави Бербатов.