Фудбал
Не се предава, најстариот фудбалер на 53 години потпиша нов професионален договор
Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Муира одамна е во шестата деценија од животот, но неговата професионална кариера не завршува. Тој потпиша нов професионален договор со Јокохама, со која ќе игра во првиот јапонски ранг, односно „Џеј“ лигата. Веста ја потврди на својот сајт јапонскиот тим, а договорот ќе биде за една сезона.
Оваа година тој ќе наполни 53 години, но тоа не го спречува да биде активен фудбалер. Тој може да се каже дека е „евергрин“ бидејќи почна да игра фудбал во 1986-та година.
-Потпишав нов договор и ќе направам се да му помогнам на мојот тим, изјави Муира кој продолжува да урива рекорди.

Неговата Јокохама сезоната ќе ја отвори против Висел Кобе за која настапува Андрес Иниеста.
Тој за селекцијата на Јапонија забележа 89 настапи, но последниот бил пред 20 години.
Во 2017-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалер кој постигнал гол во професионалниот фудбал.