Фудбал
Не се само Лацио, Саутемптон и Ремс, два тима од Италија заинтересирани за Миовски
Се чини дека Абердин тешко ќе успее да го задржи Бојан Миовски. Според последните информации два клуба од Италија се заинтересирани за македонскиот напаѓач кој игра фантастично во шкотското првенство. Според информациите тие клубови се Болоња и Специја. Наводно и двата клуба сакаат во пакет да ги донесат Миовски и неговиот соиграч Дук. Претходно со името на Миовски се поврзуваше и Лацио, но тука беа уште Саутемптон од Англија и Ремс од Франција. Во досегашниот тек од сезоната, во сите конкуренции Миовски постигна 17 голови.