Фудбал
„Не сум луд, ниту пак глупав!“
Тренерот на Интер, Антонио Конте зборуваше по ремито 1:1 со Аталанта. Тој не го активираше напаѓачот Алексис Санчез држејќи го на клупата 90 минути. Запрашан од новинарите зошто не играл, техничарот не можеше да ги задржи нервите.
„Го спомнувате Санчез, добро господа, играчите треба да бидат способни да играат. Јас не сум луд. Јас дури и не сум глупав да сакам да се повредуваат. Верувам дека 1+1 е еднакво на 2 … “
„Залудно не решавам за составот. Не сум луд, не подготвувам ништо. Имавме многу важни промашувања на натпреварот против Аталанта“, рече Италијанскиот стратег.