Connect with us

Други спортови

Не сум Рамбо, но…Уште еден украински спортист зема пушка и облече униформа да ја брани својата татковина (ФОТО)

Александар Долгополов е само еден во низата украински спортисти кои решиле да земат оружје и да ја одбранат својата земја од инвазијата на руската армија. Војната во Украина трае повеќе од три недели, но малкумина очекуваа дека Украина ќе и пружи толку силен отпор на Русија. Се веруваше дека се ќе биде готово за неколку дена, но Украинците решија со сите сили да ја бранат својата татковина. Многу познати личности и спортисти решија да се вратат во Украина и да ја бранат својата татковина од руската инвазија, а меѓу нив е и Долгополов.

Познатиот украински тенисер по почетокот на инвазијата се вратил во својата земја, а потоа се пријавил во војска за да се стави на располагање. Тој на Твитер објави дека веќе ја добил сета опрема и оружје што му е потребно и дека постојано тренира да пука.

Долгополов беше во Турција кога почна се каде што тренираше, но реши да се врати во Украина бидејќи не можеше од странство да следи се што се случува во неговата земја.

„Ова е мојот дом и мојата земја и ќе ги бранам со луѓето што останаа. Не можам да станам Рамбо за седум дена, но добро ми е со оружјето и постојано вежбаме како да го употребиме“, рече Долгополов, додавајќи .

„Војната започна додека бев во Турција. Мајка ми и сестра ми се безбедни, но се вратив. Професионален војник ме обучи како да користам оружје и веќе ми е добро.

„Добивме и панцири и некоја друга опрема. Се вратив преку Загреб каде отидов со авион, а потоа со автомобил се вративме во Украина. Влеговме преку Полска и пристигнавме во Киев.

33-годишниот тенисер се пензионираше пред две години, а во текот на кариерата освои три титули и најдобриот пласман му беше на 13. место на АТП листата во јануари 2012 година.