Connect with us

Фудбал

„Не сум тука затоа што сум Ибрахимовиќ“

Златан Ибрахимовиќ зборуваше на прес-конференција, откако официјално стана старо-новиот играч на Милан.

Росонерите беа во можност да го убедат Ибра да дојде на половина пат сезонава со можност за продолжување доколку се исполнат одредени услови. Харизматичниот Швеѓанец треба да го врати гигантот од бездната, и тој даде изјава во свој стил на конференцијата.

Дали ќе остане остатокот од својата кариера во Милано?

„Никогаш не се знае, кога имате добри односи со сите, тогаш сè е можно. Сè додека сум активен, барам предизвици и давам резултати. Не сакам да бидам фигура. Ако после шест месеци правам добри работи, добро е да продолжиме, инаку не ми е грижа“. рече Ибрахимовиќ, додавајќи дека:

„Не сум тука затоа што сум Ибрахимовиќ. Почнувам и морам да дадам резултати. Минатото не ми помага. Она што ми дава најмногу адреналин е она што го правам, предизвикот да се покажам“.