Фудбал
„Не знам како завршив во соблекувалната со Рибери“
Франк Рибери го напушти славниот германски клуб ова лето по повеќе од една деценија игра во Баерн.
Рибери одлучи да ја продолжи кариерата во Италија, откако потпиша двегодишен договор со Фиорентина. Почна одлично и потоа дојде до тешка повреда на коленото.
Искусниот Французин со години е меѓу најдобрите крилја во светот, особено во 2013 година кога освои тројна круна со Баерн.
Од оваа сезона за Фиорентина настапува и Алфред Данкан, кој во разговор преку Инстаграм рече дека сè уште не може да верува дека дели соблекувална со легендарниот французин.
„Рибери е шампион … сè уште не знам како завршив во истата соблекувална со него. Неговото враќање ќе биде од големо значење за тимот“, рече 27-годишниот.
Патем, Данкан е по потекло од Гана, но целата своја кариера ја има одиграно во Италија. Тој ги помина младинските селекции на Интер, а настапуваше и за Ливорно, Сампдорија и Сасуоло.