Connect with us

Фудбал

Неапол гореше, каков пречек за Елмас и дружината дома, по победата над Јувентус (ВИДЕО)

Наполи е на чекор до титулата во Италија. Тој е убедливо прв на табелата, чекаме само математички да го потврди Скудетото. До тоа уште повеќе го доближи победата во дербито против Јувентус. По тој меч во Неапол беше виден вистински спектакл, феноменален пречек на фудбалерите.

Експедицијата на Наполи пристигна од Торино околу три часот по полноќ и таму имаа што да видат. Навивачите се собраа веќе на аеродромот, а потоа тргнаа по автобусот со нивните миленици. На мотори, со бакли, знамиња и други реквизити им ја разубавија ноќта на играчите.