Фудбал
Недвед: Ја поддржувам „тројката“, Лигата на шампионите не е опсесија
Потпретседател на Јувентус, Павел Недвед ја анализира состојбата на италијанскиот шампион по последниот натпревар. Во врска со „тројката“ Роналдо-Дибала-Игуаин, Чехот со насмевка вели:
„Навистина е убаво да ги гледате како играат заедно и според мене, тие можат да играат заедно ако си помагаат еден на друг, трчаат и се однесуваат како против Удинезе. Потоа, тренерот Сари ги избира играчите врз основа на сегашната форма. Сега, овие три се во одлична форма и резултатите се видливи“.
Фокусирајќи се на Лигата на шампионите во првото коло од нокаут фазата бидејќи ждрепката ги постави „Бјанконерите“ пред Лион, Недвед објаснува:
„Овој трофеј не треба да биде опсесија, туку да се смета за конкретна цел. Сепак, не смееме да криеме, ние сме таму за да се натпреваруваме со најголемите. Сега е тешко во Лигата на шампионите затоа што едноставно можете да изгубите натпревар и да се видите надвор од трката за трофејот“.
Недвед исто така кажа пофалби и за португалската sвезда.
„Роналдо работи многу добро. Мислам дека не треба да поставуваме прашања за играчи како Кристијано Роналдо или Буфон. Отсекогаш сум бил тивок затоа што кога е време, тие се таму, а други не. Ќе видите дека Кристијано, по целосно надминување на физичките проблеми, ќе даде уште повеќе“.