Connect with us

Фудбал

Негативен рекорд на Барселона на „Камп Ноу“

Лидерот во Примера, Барселона изненадувачки не успеа да го совлада Гетафе во меч од 23-тото коло, одигран на „Камп Ноу“, кој заврши без голови. Лионел Меси и компанијата понудија многу слаба претстава и поставија негативен рекорд во првото полувреме, откако не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол.

Киксот на Каталонците му овозможи на Атлетико Мадрид да ја намали разликата и да се надева на шампионската титула.

„Јорганџиите“ се веќе на седум поени од првата позиција.

Актуелниот шампион Реал Мадрид заостанува 17 поени, но има меч помалку.