Connect with us

Фудбал

„Негативниот“ Пауло Дибала ја објави најсреќната фотографија од неговиот живот (ФОТО)

Аргентинецот Пауло Дибала конечно е негативен за вирусот „Ковид19“.

Sвездата на Јувентус веќе неколку недели се бори со оваа нова болест. Дибала е специфичен пример затоа што тој беше тестиран позитивен за „Ковид 19“ од крајот на март, но за среќа последните неколку тестови беа негативни и Аргентинецот веќе не мора да биде во изолација.

Тој реши да ја прослави оваа фантастична вест со една фотографија што ја сподели со корисниците на Инстаграм. Се чини дека никогаш не бил посреќен. „Моето лице го кажува сето тоа, конечно сум излечен од коронавирусот“, напиша Аргентинецот покрај фотографијата.

Патем, му беше дадено зелено светло да се врати на тренинзите, во недела кога Јуве треба да се врати во тренинг-кампот и да започне со индивидуални тренинзи. Италијанската влада дозволи групен тренинг за спортисти од 18 мај. Серија А се очекува да започне две или три недели подоцна.

Покрај Дибала во редовите на Јувентус позитивни на Ковиди-19 беа Даниеле Ругани и Блез Матуиди. Двајцата се опоравија за многу пократко време.

Старата дама е лидер на табелата со бод повеќе од Лацио и сигурно ќе имаме интересна битка за Скудетото откако ќе продолжи шампионатот.