Connect with us

Ракомет

Неготинци се вратија од бездна, Куманово промаши пенал за победа

Ракометарите на Куманово и Вардар Неготино одиграа интересен натпревар со неколку пресврти, кој на крајот заврши 21:21 и со поделба на бодовите. Солиден старт имаа избраниците на тренерот Александар Атанасовски кои на имаа предност и од седум голови, 19:12.

Малиот пад на концентрацијата и заморот во вториот дел од средбата, го искористија ракометарите на Вардар Неготино за да ја стопат разликата. Неколку минути пред крајот гостинската екипа го израмни резултатот. Двете екипи имаа шанса за победа, но неготинци направија престап, додека домашните ракометари промашија удар од седум метри и мораа на крајот да се задоволат со поделба на пленот.

Извор: 24 ракомет