Connect with us

Други спортови

Неговата минута чини 40 милиони евра

Конор МекГрегор, ирскиот ММА борец неодамна се повлече од рингот, но и натаму е еден од најполуларните спортисти. Конор паузираше 15 месеци по поразот од Хабиб Нурмагомедов, но се врати во јануари оваа година и за само 40 секунди го победи Доналд Керон. За тие 40 секунди, 32 годишниот МекГрегор заработи огромно богатство. За борбата добил 25,2 милиони фунти, а доколку би се направил просек од неговите борби и заработката, една минута негова во рингот чини неверојатни 37,8 милиони фунти, што е преку 40 милиони евра.

На второто место на најплатени спортски ѕвезди според минути е Дионтај Вајдлер. Тој за 42 минути заработи 36,2 милиони фубти, што би значело за една минута работа добива 862 илјади фунти.