Connect with us

Фудбал

Неговата цена е 75.000.000 евра, но цел свет му се смее: Големо засилување, кое ниту на загревање не може да го погоди голот! (ВИДЕО)

Еден од најголемите летни трансфери во актуелниот преоден рок беше заминувањето на Каи Хаверц од Челзи во Арсенал. Преселбата од едниот до другиот крај на Лондон привлече големо внимание, а Микел Артета доби играч од 75.000.000 евра за да се вклопи во вицешампионот од минатата сезона. Ако се суди според подготовките, ќе биде многу тешко бидејќи Германецот е на турнеја во Америка!

Фудбалерите на Арсенал во рамките на подготовките за новата сезона одиграа натпревар против Ол-стар тимот од МЛС лигата, а во рамките на тој натпревар имаше различни интересни моменти. Фудбалерите на англискиот клуб на крајот успеаја да ги совладаат домаќините, но за потезите на Каи Хаверц ќе се зборува со денови, недели и месеци!


Нешто не беше во ред со прескапиот напаѓач! Додека неговите соиграчи центрираа од лево и десно тој не успеваше во своите намери и потези. Каи имаше ужасни проблеми да ја смири и да ја контролира топката. Навистина изгледаше изгубено.