Connect with us

Фудбал

„Неиграњето може да доведе до грабеж на италијанскиот фудбал“

Претседателот на организационото тело на професионални фудбалски натпревари во Италија (Лега Серија А), Луиџи Де Сиеро, предупреди дека евентуалното „напуштање“ на сезоната може да има сериозни последици за Серија А.

Дебатата за тоа кога, и дали, да се продолжи сезоната во Серија А која беше запрена на 10 март поради пандемијата на коронавирусот се уште трае. Засега, датумите од 27 мај до 3 јуни се најочекуваниот датум за продолжување на натпреварувањето.

Сепак, некои клубови и нивните лидери, како што се претседателите на Бреша и Сампдорија, се залагаа за целосен прекин на сезоната. Многумина, се разбира, се за продолжение.

„Не играњето би значело дека странските клубови можат да го ограбат нашиот фудбал, ќе дојдат да ги украдат нашите шампиони по намалени цени“, изјави претседателот на Лега Серија, А Де Сиерово за „Ла Републица“, додавајќи:

„На играчите што ќе останеа ќе бидат намалени платите, клубовите ќе бидат во „црвена фаза“ и најголемите таленти ќе емигрираат на друго место“.

Досега, Холандија и Белгија се единствените европски земји кои решиле целосно да ја прекинат фудбалската сезона 2019/2020. Сепак, треба да се почека и да се види како ќе се развие ситуацијата бидејќи некои клубови (пред се Холанѓаните) најавија тужби против федерацијата, незадоволни од одлуката.