Фудбал
Нејмар добива 320 милиони евра! Откриени детали за договорот
Нејмар (31) наскоро би требало да замине во Сауидиска Арабија. Како што стојат работите, тој многу брзо ќе потпише договор со Ал Хилал. Тоа значи и дека уште едно големо фудбалско име кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Мотивот на сите им е јасен – пари. Бразилскиот „Глобо“ донесе нова информација за договорот и сумата е неверојатна. Според нивните информации, Нејмар за две години ќе добие дури 320 милиони евра! ПСЖ ќе добие околу 100 милиони како обештетување, што е многу повеќе од тоа што било кој европски клуб бил подготвен да им понуди. Доколку се оствари трансферот, Нејмар ќе стане најскапото засилување на клуб надвор од Европа.